Грижата за клиентите е од клучно значење за секој бизнис, особено денес кога конкуренцијата е толку голема. Следниве неколку совети ќе ви помогнат да ја задржите лојалноста на клиентите на долги патеки.
- Подарувајте. Тоа нека биде награда за лојалност. Мал неочекуван подарок ќе значи многу за клиентите.
- Заблагодарувајте се и потрудете се тоа да биде во пишана форма.
- Јавувајте се на повиците. Честопати забораваме да се јавиме ако сме испуштиле повик. Не дозволувате тоа да се случи.
- Помалку ветувајте повеќе исполнувајте.
- Бидете достапни. Покажете им на клиентите дека сте во можност да им помогнете во секое време.
- Контактирајте. Не ги оставајте клиентите подолго време без мејл, повик или било каков начин да им покажете дека мислите на нив.
- Бидете добри спрема своите вработени. Во спротивни и тие нема да се однесуваат како што треба со клиентите.
- Ако сте подготвиле специјална понуда за новите клиенти, не заборавајте да понудите пониски цени и за постоечките.
- Никогаш немојте да се однесувате индиферентно спрема клиентите. Статистиката покажува дека дури 68% од нив не сакале веќе да имаат соработка со компанијата токму поради индиферентиот однос на менаџерите или вработените.
- Користете ги услугите и производите на вашите клиенти (доколку ги имаат). Ова е одличен начин да изградите лојалност.