Како да обезбедите лојални клиенти

15

Лојалните клиенти се од непроценлива важност за секој бизнис. На кој начин да ги обезбедиме и задржиме во продолжение.

Останете поврзани со клиените

Компаниите треба многу да внимаваат со клиентите за тие никогаш да не се почувствуваат “напуштено“. Секогаш треба да ги земаат предвид нивните размислувања и критики и да одговараат на барањата и прашањата, со цел да можат да понудат што подобра услуга.

Маркетинг преку мејл

За да бидете сигурни дека сте во контакт со клиентите, а воедно и да го рекламирате својот производ или услуга, редовно праќајте newsletter. На тој начин ќе ги информирате луѓето за сите новости, а тие со тоа ќе се почувствуваат дека се составен дел од кругот.

Содржина скроена за клиентот

Внимавајте содржината што им ја праќате на клиентите да биде релевантна односно “скроена“ за нив. Тие сакаат кога брендот се грижи за нив, односно кога знаат кои се нивните интереси и што треба да им пласира.

Вредноста на прво место

На клиентите, освен производ или услугата им треба и дополнителна вредност, како на пример едуцирање и помагање во одбирање на тоа што го нудите. Тоа може да биде и бесплатно едуцирање за маркетинг или онлајн трговија преку е-книги или интерактивни работилници.

Креирајте систем за наградување

Секој лојален клиент сака да биде награден. Треба да осмислите систем преку којшто ќе им нудите на купувачите одреден бонус, попуст, екстра производ… На пример за секоја препорака или за рекламирање на било каков начин оддолжете им се со интересна награда.

Фото: Pixabay