Како да одберете вистински луѓе за одредена работа

36

Неколку експертски совети за водење на успешен бизнис.

Како да го изберете вистинскиот бизнис партнер

Не е лесна одлуката да се одбере бизнис партнер, некој кој ќе биде ко-основач на компанијата. За да не згрешите, одлучете се за човек што ја дели истата страст за бизнисот како вас. Тоа треба да биде личност што ќе ве дополнува, опоменува, поддржува и да ги има оние вештини што вам ви недостасуваат. Да биде некој со којшто ќе можете да поминувате долго време без да ви биде здодевно, стресно или напорно.

Како да го пронајдете вистинскиот купувач/инвеститор

Оние претприемачи кои размислуваат да го продадат својот бизнис треба да бараат купувач кој има долгорочни планови и визија за тоа што сака да направи со бизнисот. Клучно е да се испита дали тоа се совпаѓа со плановите на основачот, да се тестира како инвеститорот ќе реагира кога ќе се случат непредвидени работи и што е неговата крајна цел.

Како да се преброди неуспехот/грешката

Колку и да се внимава, планира, води евиденција и слично невозможно е никогаш да не се згреши.Сепак, она што е добро кај грешката, односно неуспехот е лекција што секој претприемач треба да ја научи за да не се повтори истото сценарио. Единствен начин да се застане на нозе по доживеан неуспех е истиот да се прифати како составен дел од градењето на една компанија, момент без којшто не би можел ни да се случи успех.

Фото: Pexels