Како да одберете вистински тим за вашиот старт – ап

32

1

Фото: Pexels

Добриот тим гради успешна компанија. Како претприемач кој започнува бизнис важно е да најдете добар тим што ќе ви помогне да успеете. За да ги изберете вистинските луѓе за вашиот старт- ап потребно е време. Во градењето на тим што сакате да расте со вашата компанија внимателно разгледајте ги кратките биографии на кандидатите и откријте дали ја сакаат работата, какви вештини поседуваат и дали се вклопуваат во вашата компаниска култура, пишува Dumb Little Man.

Посветени на работата

Барајте луѓе кои се посвети на работата, ќе преземат одговорности и ќе работат со ентузијазам.

За да ја пронајдете такви луѓе, за време на интервјуто за работа поставете ги следниве прашања:

  • Како ја одржуваат рамнотежата меѓу работата и приватниот живот? Ако не успеваат да направат баланс тогаш тоа не е вистинската личност која треба да ја вработите.
  • Каде се гледаат за пет години? Посветената личност ќе ви каже нешто повеќе од она што вие сте го замислиле и може да ви даде сугестија за некоја голема бизнис идеја.

Луѓе со посебни вештини

Луѓето што ќе го сочинуваат тимот, треба да поседуваат посебни вештини кои одговараат за вашиот старт – ап. Изберете ги оние кандидати кои ќе знаат да се справат со тешки клиенти, кои поседуваат комуникациски, организациски, презентациски вештини.

Луѓе кои се вклопуваат во вашата компаниска култура

Треба да најдете тим од луѓе кои се вклопуваат во вашата компаниска култура и ќе бидат посветени во градење на лојална база на клиенти. Слушнете ја причината зошто кандидатите сакаат да работи за вас.