Како да останете фокусирани додека работите?

25

fokus

Фото: Pixabay

Дали постојано нешто ви пречи и ви го одвлекува вниманието додека работите? Се обидувате да останете фокусирани, но некако не ви оди од рака? Можеби е тешко, но не е невозможно и еве како тоа може да се постигне.

Ако било кој се обиде да ве прекине во работата, едноставно кажете дека не можете да им одговорите во моментот.

Кога сте во “екот” на работата, оставете ги мејловите, пораките и социјалните мрежи.

Дишењето кога сте сконцентрирани на работата е многу порелаксирано, отколку кога сте под стрес или кога нешто ви го одвлекува вниманието. Причина повеќе да се обидете да останете фокусирани.

Кога работата ќе ви “тргне”, обидете се да останете во таа состојба колку можете повеќе, одложете сè останато и максимално посветете се додека концентрацијата е на високо ниво.

Уживајте во моментите на фокусираност кои истовремено ве смируваат и ви ја зголемуваат продуктивноста. Тоа ќе ви даде поттик за истите да ви станат навика.

Бидете свесни за последиците од одвлекување на вниманието. “Само да проверам” и “набрзина да напишам” можат да ви одземат многу повеќе време отколку што мислите. Без да сакаме фокусот на вниманието ќе се промени и ќе се најдете “заглавени” со нешто што не сте планирале.

Пред да завршите со една задача, не започнувајте друга. Целото ваше внимание насочете го кон една работа. Мултитаскингот може само да предизвика поголем стрес.

Ако концентрацијата полека опаѓа, не приоѓајте кон дигитално одвлекување на вниманието. Наместо тоа направете си чај, кафе, излезете на кратко надвор или зборувајте со некого на пет минути.

Постојано ќе има работи што го ќе го ви одвлекуваат вниманието додека работите. Вие сте тие кои треба да си создадете ефикасна стратегија за справување со нив, наместо да чекате да исчезнат сами по себе.