Како да останете фокусирани кога работите во канцеларија – “океан“

96

ofice

Фото: Pexels

Концептот на канцеларии каде сите вработени се ставени во заеднички отворен простор е создаден за да се поттикне соработка, иновативност, интеракција и продуктивност помеѓу вработените. Но, денес мислењата околу овој концепт се поделени. Некои мислат дека негативните последици од работењето во ваков “океански“ простор ги надминува позитивните, бидејќи лесно може да се одвлече вниманието и потешко да се извршат работните задачи. Продуктивноста може да се намали, а ако сте обврзани со рокови за завршување на задачите стресот може да се зголеми. Ако се соочувате со ваква работна средина овие неколку совети ќе ви помогнат да останете фокусирани покрај сè она што се случува околу вас.

Слушајте музика

Ако е дозволено слушање музика добро е да си набавите слушалки. Изборот на добра музика ќе ви помогне да се опуштите и да ги извршувате работите. Најдобар избор е класична музика или звукови на природата.

Игнорирајте ги “токсичните“ колеги

Лоша страна на отворените канцеларии е тоа што мора да се соочувате со туѓата негативност. Најдобар совет е да ги избегнувате личностите кои постојано се жалат. Нивниот став може да биде токсичен за целата канцеларија и да влијае на вашата продуктивност.

Не трошете време за непотребни задачи

Отворената канцеларија ја подобрува комуникацијата помеѓу колегите. Тоа може да биде од голема корист ако “заглавите“ на некоја тешка задача, бидејќи во близина ќе имате некој што ќе ви помогне. Но, внимавајте да не претерате со непотребните разговори. Ако ви треба пауза излезете на кратко од канцеларија. Исто така, внимавајте и на озборувањето, тоа не само што го одвлекува вниманието и продуктивноста, туку создава и лоша слика за вас.

Разменете идеи со колегите

Ако безуспешно се обидувате да ја поправите ситуацијата во бучна канцеларија може да се обидете да комуницирате со останатите колеги. Можеби и нив да ги мачи истиот проблем и затоа споделете идеи. Ако работите тимски на проблемот полесно би дошле до некакво решение.