Како да останете во контакт со клиентите и по соработката

25

Фото: Pixabay

Кога еднаш ќе завршите одреден проект или ќе го продадете вашиот производ, завршува и вашиот привремен контакт со клиентот. Меѓутоа, од професионална перспектива, навистина е важно да ги одржите контактите, бидејќи секогаш е полесно да ја обновите бизнис соработката со старите клиенти, отколку да пронајдете нови.

Како тоа да го направите?

Редовно испраќајте важни информации

Редовно испраќајте мејлови со детали за сите новости коишто сте ги вовеле или настани што ги организирате. Исто така, ако наидете на интересна статија што би можела да ги интересира, одвојте време и испратете им линк од истата.

Симболичен подарок

Дајте им на клиентите сувенири со контакт податоци, за коишто знаете дека ќе ги задржат и користат. Пенкалата и запалките се популарни, но лесно може да се изгубат, а и често се подаруваат. Затоа, може да изработите календари или магнети, или некои украси за работно биро, коишто сметате дека се прикладни како симболичен подарок.

Користете ги социјалните медиуми

Пронајдете ги, пратете им понуда за пријателство и кога ќе видите дека објавиле нешто интересно, може да коментирате. Вака, секогаш ќе ве имаат на видик и кога тогаш ќе се појави нов бизнис договор.

Понудете помош

Потсетете го клиентот дека во секое време ќе може да ви се обрати за помош доколку има прашање или проблем којшто смета дека вие може да го решите. Уверете го дека тоа нема да биде наметнување и дека го поддржувате вашиот добар однос.

Сепак, не претерувајте, секојдневното контактирање може да предизвика контра ефект.