Како да остварите повеќе продажни состаноци

146

office-2619586_960_720

Фото: Pixabay

Концептот е едноставен – повеќе состаноци, повеќе продажби. Многумина кои се занимаваат со продажба ја разбираат важноста за закажување на состаноци со цел да ги остварат своите продажни цели, но малкумина ја преземаат потребната работа за да се случат тие состаноци. Успешните продавачи имаат систематски процес за поставување на одреден број состаноци, секоја недела, месец, година.

За да остварите повеќе состаноци, следете ги овие совети што ќе ви помогнат да ја зголемите продажбата.

Направете план

Кога станува збор за потрага на нови клиенти повеќето продавачи немаат подготвено план. Првиот и најважен чекор за поставување на повеќе продажби е да направите план за истражување. Без него би се изгубиле во потрагата. Кога ќе им се јавите на потенцијалните клиенти кои не знаат кои сте, голема е веројатноста дека нема да сакаат да разговараат или закажат состанок за продажба со вас. Наместо јавување по телефон, испратете електронска пошта или покана за настан којшто го организира вашата компанија и промотивни материјали за потенцијалните клиенти да се запознаат со вашето име, компанија, продукт. Откако ќе го направите ова можете да се јавите, бидејќи ќе знаат кои сте и со што се занимавате.

Барајте да ве претстават

Претставувањето е еден од најефективните начини за закажување на повеќе состаноци за продажба. Кога ќе бидете претставени од пријатели или блиски соработници поголеми се шансите да се согласат да се сретнат со вас. Затоа, од вашите клиенти, колеги, пријатели и семејство постојано барајте да ве претставуваат пред други луѓе.

Поканете потенцијални клиенти на настани

Секој сака да присуствува на ексклузивен настан, вклучувајќи ги и вашите потенцијални клиенти. Приватните настани можат да бидат моќен начин за поставување на повеќе состаноци во продажбата. Поканете ги вашите постоечки клиенти и потенцијални клиенти да присуствуваат на настани што вие ги организирате.

Зборувајте со здруженија и трговски групации

Говорењето пред здруженија и трговски групации во вашата индустрија е како да започнете разговор за продажба со поголем број на клиенти.