Како да покажете дека имате лидерски потенцијал кога не сте на менаџерска позиција

57

Фото: Pixabay

Можеби не сте на менаџерска позиција, но длабоко во себе знаете дека имате лидерски капацитети. Како претпоставените да го забележат тоа без да бидете “нападни“, во продолжение.

Добри односи со тимот

Многу е важно да имате воспоставено коректни односи со колегите на работа, но и со шефовите. Обидете се да бидете таа личност на која што останатите ќе ѝ се обратат за помош. Колку подобро се адаптирате со различни луѓе, толку повредни ќе бидете како професионалец и човек.

Однесувајте се лидерски

Погледнете ги обврските на претпоставените и обидете се да направите нешто повеќе. Вклучете се во проекти надвор од вашите задачи, преземете иницијатива и предложувајте решенија. На тој начин вие веќе ќе делувате како лидер.

Прифаќајте критика

Барајте и прифаќајте туѓо мислење за вашата работа. Бидете отворени за критика. Едноставно, прашувајте ги колегите што мислат за вас, што работите добро, каде грешите и што треба да поправите… Искрените одговори на овие прашања можат само да ви помогнат подобро да ги истакнете своите лидерски способности.

Јасна комуникација

Трудете се да бидете јасни и концизни со секој соговорник и во секое време. Доколку нешто не знаете “сработете ја домашната“ и секогаш бидете подготвени да елаборирате со самодоверба.

Следете го вашиот лидер

Дознајте ги приоритетите на вашиот лидер и пријавете се да помогнете кога ќе биде потребно. Ако му помогнете на вашиот претпоставен да успее, тогаш големи се шансите да добиете повисока позиција во компанијата.

Споделувајте го сработеното

Ако сакате да се дознаат и признаат вашите способности мора да ги споделите. Најдете најсоодветен начин шефовите да бидат добро запознаени со вашите вештини и умеења. Добар начин за тоа е да испратите позитивна критика од задоволен клиент или да пратите листа на веќе сработени задачи или проекти во прогрес.