Како да постапите кога конкуренцијата ве копира

45

konkurencija

Фото: Pexels

Фрустрирачки е кога ќе видите дека конкуренцијата ве копира. Сепак, многу е важно во тој момент да изиграте паметно, да ја искористите ситуацијата и да не дозволите тоа да ве извади од колосек. На крајот на краиштата – имитацијата значи дека на некого му се допаѓате.

Останете смирени и помислете – колку повеќе, толку повесело. Со повеќе компании на еден пазар можеби ќе биде гужва на почетокот, но со текот на времето ќе увидите дека повеќе играчи имаат комбинирана заложба на пазарот, што пак придонесува истиот да се прошири и со тоа да се зголеми побарувачката.

Добро запознајте го законот и каква заштита ви нуди. По потреба, побарајте правен совет.

Водете евиденција што објавува конкуренцијата на социјалните мрежи, традиционалните медиуми и како се рекламира. На тој начин ќе можете да видите каде има празнини и кои пазари се достапни за вас.

Учете од нив. Дознајте кои се, што им нудат на купувачите и откријте што ве разликува. Искористете ги тие разлики за потрошувачот да може полесно да одбере.

Фокусирајте се на стратегијата. Верувајте им на одлуките што сте ги донеле базирани врз претходното истражување на пазарот и искуството.

Иновирајте, не имитирајте. Ако конкуренцијата ја копира вашата маркетинг стратегија, услугата што ја имате или начинот на работа, едноставно вие направете го тоа подобро или најдете подобар начин да бидете еден чекор напред.

Не ширете лоши муабети. Негативните и злобни коментари нема да ви помогнат. Бидете попаметни од нив, не се спуштајте на тоа ниво и оставете вашата работа да зборува за вас.

Не се натпреварувајте со цените. Можеби оваа опција ќе ве стави во искушение, но намалувањето на цените може брзо да го намали и профитот и вредноста на производот или услугата.