Како да поставите вистинско прашање во вистинско време

40

prasalnici-pixabay
Фото: Pixabay

Комуникацијата е една од најважните вештини којашто треба да ја развивате. Во остварување на добра комуникација потребно е да го поставите вистинското прашање во вистинско време. Погрешното прашање носи погрешен одговор. Вистинското прашање поставено во погрешно време и кај погрешна личност може, исто така, да биде бескорисно. Од голема важност при комуницирањето е и слушањето и затоа потребно е повеќе да слушаме отколку што зборуваме. Овие совети ќе ви помогнат да поставите вистинско прашање во вистинско време.

Избегнувајте да поставувате реторички прашања

Реторичко прашање е стилско изразно средство каде прашалната реченица ја употребуваме како исказна. Овие прашања се поставуваат со цел да се утврди некоја точка отколку да се извлече одговор. Ова не се вистински прашања бидејќи форсираат специфичен одговор.

Поставете пријателски прашања

Добро прашање овозможува подобро да се разбере ситуацијата. Ако ја понижувате личноста нема да добиете искрена повратна информација.

Бидете благодарни

Заблагодарете се на личноста за нејзиниот одговор. Во иднина можеби ќе треба повторно да ви даде одговор на одредено прашање.

Избегнете го стресот

Личноста треба да биде фокусирана и смирена за да може да ви го даде вистинскиот одговор. Одговорите дадени за време на тензични ситуации се “сиромашни“. Ако ситуацијата е тензична најдобро е да почекате некое време за да добиете квалитетен одговор.

Избегнувајте да бидете директни

Ако бидете премногу директни во прашањето може да добиете ригиден одговор. Наместо да прашате: “Ние треба да произведеме производ А или производ Б, запрашајте: Каков производ е потребен на пазарот?“.

Молчењето е злато

Бидете добар слушател. Дури и кога другата личност не зборува комуникацијата сè уште е активна. Земете здив пред да поставите ново прашање, така и другата личност ќе може да се релаксира.