Секој што се надева на вработување, знае колку интервјуто за работа може да биде напорно и напнато. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат дека работодавачот сака да ве вработи за таа работа. За да избегнете да размислувате со денови или недели за тоа како поминало вашето интервју за работа, обрнете внимание на неколку фактори за време на интервјуто.
За почеток следете ги движењата на лицето и телото. Ако личноста која ве интервјуира го задржува контактот со очите и се насмевнува, веројатно имате добри шанси.
Потоа обрнете внимание на начинот, тонот и содржината на разговор. Ако разговорот се продлабочи и вашите теми не се однесуваат само на работата, исто така е добар сигнал.
Добар знак е и кога личноста која ве интервјуира, ви посветува целосно внимание и не дозволува разговорот да ви го прекине телефонски повик, електронска пошта или смс порака.
Кога работодавецот е заинтересиран за вас ќе побара мислење и од другите. Добар знак е ако ве запознае со колегите со што нуди можност и останатите да ве проценат, а вие така ќе се запознаете со начинот на работа од прва рака.
Уште еден позитивен знак е кога ќе ве праша за вашата достапност и подготвеност да започнете со работа.
Знак дека сака да ве ангажира е и разговорот за плата и останати карактеристики за работа.
Фото:Pixabay