Како да препознаете дека нема да ја добиете работата

28

rabota

Фото: Pixabay

Интервјуто за работа е настан на којшто му давате големо значење бидејќи може да го добиете посакуваното работно место. Во тие неколку минути на претставување на вашата личност и идеи треба да се “продадете“ на потенцијалниот работодавач и да се соочите со стресот во исто време. Мислите дека сте подготвиле импресивно мотивационо писмо, ги имате вештините кои се бараат и дека ќе го “поминете“ интервјуто. Но, сепак кај вас се појавува сомнежот дали ќе ја добиете работата. Постојат начини да дознаете дали работата е ваша ако не сте сигурни.

Сте испратиле мотивационо писмо и биографија со грешки

Правописните грешки во вашето мотивационо писмо и биографија испраќаат порака дека сте невнимателни. Пред да ги испратите, проверете ги или дадете на некој друг да ги прочита.

Интервјуто трае кратко

Ако интервјуто за работа е кратко, тоа не е добар знак. Тоа значи дека ако работодавачот го скрати интервјуто веќе знае дека не сте личноста која одговара и не сака да губи време.

Се појавувате неподготвени

Понекогаш најголемата причина зошто да не сте ја добиле работата е затоа што не сте ја завршиле “домашната задача“ и се појавувате неподготвени на интервјуто. Кога одите на интервју за работа треба добро да бидете запознаени со позицијата за која аплицирте иако треба уште многу да учите. Начинот на кој ќе се претставите пред потенцијалниот работодавач говори многу затоа како ќе се подготвите за вашите идни задачи доколку ја добиете работата.

Не ве следат со интерес

Ако личноста која го прави интервјуто постојано ја проверува електронската пошта или гледа во часовникот, тоа е лош знак за вас. Работодавачот кој сака да ве вработи ќе ги игнорира електронската пошта и часовникот и ќе се посвети на разговорот за да дознае нешто повеќе за вас. Разговорот треба да биде исполнет со многу прашања и одговори од двете страни.

Ви посакуваат среќа во барањето работа

Ако работодавачот ви се заблагодари за вашиот интерес и ви посака среќа во барањето работа, тоа е јасен знак дека не продолжувате понатаму.