Како да препознаете дека работна средина лошо влијае на вас

25

brick-2449728_960_720

Фото: Pixabay

Понекогаш не умееме да ги видиме знаците, а лошата работна средина си го зема својот данок. Еве како да препознаете дека нешто не е во ред.

Шефовите мислат само на себе

Претпоставените имаат нарцисоидно однесување и мислат дека секогаш се во право. За нив правилата не важат и можат да прават што сакаат. Од вработените бараат перфекционизам, иако и самите тоа не го исполнуваат.

Колегите се однесуваат непрофесионално

Никој не ја сфаќа работата сериозно. Колегите се однесуваат непрофесионално, постојано се озборува и не постои искрен однос помеѓу нив. Се занемарува човечкото во трката по профитот.

Големи проблеми во комуникацијата

Комуникацијата е нарушена секаде, во секој сектор од организацијата. Тоа честопати значи и дека нема комуникација или истата е сведена на минимум. Вработените дознаваат за одредени одлуки откако истите ќе бидат донесени. Се пренесуваат низа погрешни информации од причина што вработените и шефовите комуницираат индиректно.

Немате поддршка од претпоставените

Добриот лидер ги поддржува луѓето од тимот и не ги користи нивните идеи за сопствена цел. Шефот не мора да биде ваш најдобар другар, но не смее да ве кочи во работата, а најмалку да го смета вашиот успех за негово постигнување.

Вашите блиски забележуваат промени во однесувањето

Најблиските пријатели и семејството забележуваат негативни промени во вашето однесување и отворено ви го кажуваат за тоа. Послушајте ги, тоа се луѓето што ви мислат најдобро. Понекогаш не сме свесни за тоа што го правиме, но тука се тие да ни ги отворат очите.