Како да препознаете дека шефот го “кочи“ вашиот напредок

21

paghja

Фото: Pixabay

Постојат шефови кои се строги и тешко се задоволуваат нивните барања. Тоа се оние кои изгледаат ладно и сурово, но од кои може да научите најмногу. Постојат и такви кои го прават работното место забавно, но од нив не можете да научите за дисциплината. Но, се смета дека најлоши шефови се оние кои манипулираат и ја саботираат работата. Ако работите за личност која не сака да успеете и ја поткопува вашата работа, може негативно да влијае на развојот на вашата кариера. Овие неколку знаци ќе ви помогнат да препознаете шеф кој ја саботира вашата работа.

Ги краде вашите заслуги

Добриот шеф е оној кој работи за и со неговиот тим и дели заслуги на оние кои добро ја завршиле работата. Ако шефот ги потиснува вашите идеи, а подоцна ги прикажува како свои, внимавајте со споделувањето на идеи.

Не ви помага да развивате вештини

Напредокот во вашата кариера е многу важен. Ако шефот постојано ве игнорира и не ви доделува соодветни задачи тогаш може да имате проблем.

Ве засрамува пред останатите колеги

Шефот секако дека може да ви укажува на грешки што сте ги направиле. Но, кога тоа го прави за време на состанокот со вашите колеги или состаноците со менаџментот без предупредување тоа предизвикува непријатно чувство.

Ве обвинува за работи кои не сте ги направиле

Ова вклучува обвинување за работи што не сте ги направиле, а постои можност да добиете отказ. Можеби ќе се справите со обвинувањата, но вашиот углед веќе е нарушен.

Што може да преземете

Ситуацијата е поразлична кога сте саботирани од страна на колегите, бидејќи секогаш може да се обратите на вашиот шеф. Но, кога шефот е лицето кое ја поткопува вашата кариера , тогаш треба да бидете повнимателни.

Пристапете му на шефот смирено и објаснете ги вашите перцепции и забелешки. Можеби ќе можете да работите заедно за да го исправите проблемот. Разговорот со вашиот шеф може да биде од корист. Можеби ќе можете да го убедите дека не сте лесна цел што го поттикнува да продолжи и понатаму да ве кочи во работењето.