Како да препознаете дека вработените го губат ентузијазмот

28

biro

Фото: Pixabay

Кога почнува на ново работно место, вработениот е исполнет со ентузијазам и е посветен на работата, но со тек на време може да се случи да влезе во рутина и да ја изгуби енергијата. Задачите коишто изгледале забавни и исполнителни одеднаш стануваат тешки, досадни и непосакувани. Затоа, работата не секој менаџер е да не дозволи вработените да се досадуваат на работа, туку да ги мотивира. Овие знаци ќе ви помогнат да откриете дали вие имате таков проблем со вработените:

Отсутен на состаноците

Вработениот физички е присутен на состаноците, но забележувате дека неговите мисли “летаат“ на друго место. Не е фокусиран во извршување на задачите, доцни на работа, често користи боледување. Ова се знаци кои укажуваат дека недостасува посветеност и ентузијазам. Најдобро решение во ваквата ситуација е да разговарате со него и да смислите нови цели и задачи со кои би го стимулирале. Новите предизвици се честопати најефикасен начин да го инспирирате вработениот, но треба да внимавате на неговите афинитети.

Не ги следи новостите

Менаџерот треба суптилно да ги следи вработените. Што читаат, дали учествуваат на стручни конференции, ги следат ли новите иновации и технологии и дали ги користат сите ресурси потребни за професионално усовршување. Ако работникот не прави ништо од претходно наведеното, тоа значи дека тој го има изгубено ентузијазмот и му треба нешто ново.

Недостаток на иницијатива

Недостатокот на иницијатива е еден од најочигледните знаци кои укажуваат дека работникот е исцрпен. Кога избегнува да прифати нови задачи тоа значи дека работата ја гледа како товар. Размислете да му дадете одмор за да ги наполни батериите или направете прераспределба на неговите задачи.

Губење на комуникација

Ако работникот го задржува мислењето и идеите само за себе, очигледно постои проблем. Кога работникот не го изразува својот став станува незабележан. Забележете дали неговата работа станала рутина и каква е интеракцијата со колегите. Интересот кај вработениот може да се врати ако направите некои промени, но ако тоа не се случи време е да побарате негова замена.