Како да препознаете лош менаџер

30

biznismen

Фото: Pixabay

Постојат добри и лоши менаџери. За жал, многумина од нив не ја добиваат потребната обука за водење на тим и тешко се снаоѓаат во играњето на таа улога. Некои од нив ја извршуваат менаџерската функција бидејќи мораат, а во интеракцијата со вработените не знаат како да се справат со нив.

Лошиот менаџер ќе го препознаете по овие неколку карактеристики, пишува Dumb Little Man.

Сака да угодува на сите

Овој менаџер е несигурен и се води од желбата на сите да им биде симпатичен. Тој не покажува авторитет и се обидува да избегне конфликти и непопуларни одлуки, преферирајќи да биде пријател со сите.

Перфекционист

Овој менаџер сака да контролира и да биде вклучен во сè. За него, ниеден детаљ не е мал и нема досадна активност. Тој е убеден дека е единствениот човек што може најдобро да ја заврши работата.

Недовербата што тој ја има кон вештините на другите колеги го прави вреден работник, но не знае да делегира.

Непостојан

Спротивен на перфекционистот. Овој менаџер се појавува, прави врева и исчезнува. Тој не е заинтересиран за секојдневните активности на проектот. Не поседува комуникациски вештини и очекува тимот да ги протолкува нејасно дадените упатства.

Најдобар пријател

Овој менаџер ја преминува границата меѓу професионалноста и личното пријателство со членови од тимот и им ги пренесува личните проблеми.