Како да препознаете сомнителен оглас за работа?

27

oglas

Фото: Pixabay

Еве неколку кратки и корисни совети како најлесно да ги препознаете лажните огласи за работа.

Голема заработувачка за кратко време

Ако во огласот се ветува дека ќе заработите многу пари за кратко време, бидете сигурни дека тоа нема да се случи. Никој не се збогатил преку ноќ.

Не се потребни посебни вештини

Доколку работодавачот не ги наведува потребните вештини, веднаш може да се претпостави дека станува збор за некаква измама. Секое работно место вклучува познавање на одредени работни вештини и доколку тој дел изостанува од огласот, најдобро е да го прескокнете.

Итно барам

Самиот збор итно во прв момент може да ве наведе итно да испратите кратка биографија без да проверите за што станува збор. Тоа е една од тактиките со која се служат измамниците.

Нејасно дефинирано работно место

Ако не ви е јасно за каква позиција станува збор, најверојатно се работи за нешто сомнително. Но има и исклучоци каде и самиот работодавач не знае јасно да ги дефинира работните задачи во огласот.

Не е потребно интервју за работа

Работа обично се добива преку селекција на кандидатите. Најчесто тоа е во форма на кратко интервју или писмен тест. Но, доколку ви нудат работа без разговор или тест, бидете сигурни дека станува збор за измама.

Информации за работодавачот не можат да се најдат

Доколку никогаш не сте слушнале за фирмата која нуди работа, најдобро е таа информација да ја испитате во Централниот регистар, дали компанијата воопшто постои. Обидете се да најдете било какви информации на интернет, може ќе наидете на корисни коментари за истата компанија.

Работа во странство

Можеби едни од најризичните огласи се токму огласите за работа во странство. Во тие огласи се нудат секакви работни места, во ресторани, хотели, фирми, домаќинства, туристички, модни агенции… Многу е важно да се направат низа детални истражувања за работните позиции, агенциите кои посредуваат и работодавачите.

Извор: 24sata.hr