Како да преживеете во канцеларии – “океани”

73

kanc

Фото: Pixabay

Доколку сте од оние на кои не им се допаѓа работењето во канцеларии од океански тип, ја цените вашата приватност и потребна ви е поголема концентрација, еве неколку совети што ќе ви помогнат околу тоа.

Искористете ги канцелариите за состаноци

Кога ќе ви се укаже прилика, користете ги канцелариите кои се наменети за состаноци. Таму можете слободно да разговарате на телефон или да ја искористите приватноста за поголема концентрација додека работите. Секако, со почит кон пишаните и непишаните правила.

Не правете го тоа што другите не сакате да го прават

Не зборувајте гласно на телефон и не јадете храна со јак мирис. Почитувајте ги колегите, така и тие ќе ве почитуваат вас. Кога давате добар пример, придонесувате за добро однесување и кај останатите.

Не го окупирајте туѓиот простор

Вревата и непријатните мириси не се единствените нешта кои можат да пречат на колегите до вас. Бидете пристојни и не оставајте ваши работи во нивниот простор.

Зборувајте отворено

Доколку вашиот колега/колешка не придава значење на фактот дека отворениот простор не е негов/нејзин, разговарајте отворено и дипломатски. Обидете се заеднички да го решите проблемот и да не ги инволвирате претпоставените.

Користете слушалки

Едноставно пуштете релаксирачка музика и ставете слушалки на ушите. Можете и ништо да не слушате, но ќе дадете до знаење дека ви треба поголема концентрација и немате време за разговори.

Не се жалете кај шефот

Не очекувајте дека шефот ќе го реконструира целиот кат за вас, особено ако другите немаат забелешки. Подобро ќе биде да зборувате со колегите во врска со тоа што ви пречи.

Искористе ја ситуацијата

Отворете очи и уши – бидете во тек со тоа што се случува во компанијата. Приоѓајте им на колегите од тимот кога можностите ќе дозволат и набљудувајте како работат успешните луѓе. Нека големиот простор “работи” за вас.