Понекогаш е нaвистина тешко да се пронајде инспирација. Работата стои, дадена ви е задача, а вие никако да најдете решение за проблемот. Експертите советуваат вака …
Одморете
Понекогаш треба само да го одмориме мозокот од секојдневните активности. Дозволете си да заборавите на сè, барем за кратко и да им обезбедите на мислите слободно да се движат.
Дружба со истомисленици
Бидете во друштво на истомисленици, на луѓе кои бараат нови начини да пронајдат инспирација. Повеќе глави мислат подобро од една, па може ќе го најдете токму она што ви треба.
Ослободување од тоа што смета
Оставете го мобилниот телефон барем некое време. Истото важи и за интернетот и сето она што може да ви пречи во размислувањето. Честопати мноштвото (не)битни информации го кочат креативниот процес.
Не анализирајте премногу
Понекогаш не треба и премногу да ги анализираме работите. Набрзина “прошетајте со мислите“, разгледајте ги сите идеи, потоа оставете малку простор за размислување и вратете се на почетокот.
Читајте
Во книгите се кријат многу инспиративни мисли, па токму затоа експертите препорачуваат читање. Кога ќе почувствувате дека сте наишле на “блокада“ посегнете по пишаниот збор.
Нова околина
Просторот околу нас понекогаш има голем удел во начинот на којшто размислуваме. Ако инспирацијата не ве служи, сменета ја локацијата каде што се наоѓате. Пожелно би било да излезете некаде во природа, доколку условите го дозволуваат тоа.
Фото: Pixabay