Како да работите со “досадни“ луѓе

35

boring

Фото: Pexels

Во вашата кариера постои голема веројатност да работите со личност за која ќе сметате дека е досадна. Можеби поставува многу прашања, навлегува во приватноста или постојано бара изговори. Нормално е да бидете доведени во искушение да игнорирате некој којшто ве нервира, но сепак ова можеби и не е најдобрата стратегија. Личноста која вие ја сметате за досадна можеби најдобро ќе знае да ја заврши поставената работна задача. Овие четири совети може да ви помогнат во справувањето со досадна личност, пишува Entrepreneur.

Чувајте ја енергијата

Не дозволувајте им на другите да ви ја црпат енергијата и зголемат гневот со ограничување на времето поминато во интеракција. Наместо да ги избегнувате досадните личности, вежбајте самоконтрола. Почитувајте ги нивните мислења и контролирајте ги вашите реакции.

Поставете граници

Поставете јасни граници и бидете постојани во нивното спроведување. Ова ќе помогне на колегите да знаат каде е границата кога станува збор за одредени барања и однесувања. Ако некој започне да води несоодветна тема, тогаш учтиво укажете дека тоа не е тема на разговор.

Поставете временско ограничување

Пред да започнете разговор, јасно укажете колку време имате на располагање. Задржете ја контролата и скратете го разговорот кога ви завршува планираното време.

Внимавајте на говорот на тело

Може ќе бидете во искушение да ги “превртувате“ очите, воздивнувате или да ги вкрстувате рацете кога ќе разговарате со досадна личност, но сепак треба да внимавате на почитта. Можеби не можете да го смените однесувањето на досадната личност, но може да ги контролирате вашите реакции.