Како да решавате конфликти

140

konflikt

Фото: Pixabay

Честопати на работното место може се соочите со конфликтни ситуации. Тие настануваат како резултат на недоразбирања, различни лични верувања и вредности, спротивставени интереси или неспособност во изразување на чувства и мислења. Пронаоѓање на разумно решение кога ќе се најдете во конфликтна ситуација може да биде многу тешка задача. Непотребните конфликти треба да се избегнуваат, а кога ќе се појават, треба да се решаваат.

Конфликтот на работното место не мора секогаш да биде негативен, бидејќи може да донесе конструктивни промени и поголема продуктивност на вработените.

Некои конфликти на работното место се неизбежни, бидејќи кога се наоѓате на место каде луѓето се посветени на она што го работат, разменуваат идеи и влегуваат во расправа, конфликтите и несогласувањата мора да се случат. Од ваквата ситуација може да извлечете позитивни аспекти. Ако се карате со колегите – карајте се конструктивно. Гледајте на конфликтите како ресурс, можност за учење, раст и развој. Бидете креативни, отворени и обидете се да најдете заеднички интерес со спротивставената страна. Комуникацијата треба да биде отворена, јасна, директна и конструктивна бидејќи на тој начин ќе дадете пример како сакате другите да разговараат со вас.

Но, кавгите на работното место може да бидат и токсични и да ја нарушат работната атмосфера. Спречувањето на несогласувањата навреме е од голема важност за бизнисот.

Решете го конфликтот на време

Конфликтот се решава кога ќе настане, во спротивно ситуацијата може само да се влошува.

Разговарајте со секоја личност посебно

За да го разберете конфликтот разговарајте одделно со членовите од тимот и слушајте внимателно.

Научете да прифаќате различности

Не треба сите да мислат исто како и вие. Ако ги игнорирате разликите мoже да создадете непријатна атмосфера.

Најдете средина

Во секој конфликт постои средишна основа. Најтешкиот дел е изнаоѓањето на таа средина каде двете страни може да се согласат.