Како да се грижите за себе кога сте презафатени

51

rest

Фото: Pexels

На сите ни се случува да се најдеме во магичниот круг на работа и многу работа. Но, по извесно време телото и умот го вклучуваат алармот и бараат да обрнете внимание на нивните потреби. Без разлика дали вашиот распоред на работа е преполн со обврски или поминувате низ тежок период, потребно е да најдете време и начини да се релаксирате. Грижата за себе е неопходна и од суштинско значење за здравјето, а кога се грижиме за себе сме поефективни и попродуктивни.

Телото и умот заслужуваат одмор. Овие неколку начини ќе ви помогнат да се погрижите за себе кога сте презафатени.

Доволно сон

Зафатениот распоред можеби нема да ви остави многу време за спиење или уште полошо, ќе ве остави без сон, но сепак треба да се обидете да се одморите. Сонот е најважен за здравјето. Тоа е состојба кога нашето тело се обновува и се полни со енергија. Спиењето придонесува за опуштање на мускулите на телото, релаксација и намалување на активноста на мозокот, што води до помалку стрес.

Јадете здрава храна

Избегнувајте ја брзата храна и јадете здрава храна. Ако телото го снабдите со здрава храна и пијалаци, тие помагаат во јакнењето на имунолошкиот систем и подобро функционирате.

Оставете го телефонот настрана

На вашиот мобилен телефон може да добивате многу непотребни пораки и да заглавите одговарајќи на нив. Наместо тоа, тргнете го телефонот настрана и на тој начин ќе се ослободите од пораките коишто го одземаат вашето драгоцено време и мир.

Посветете си време за себе

Не заборавајте да испланирате време за “себе“ во текот на денот кога ќе практикувате работи коишто ги сакате. Прошетка, слушање музика, читање книга, средба со пријатели… сето она што ќе ви ги оттргне мислите од работата, а ќе ве ослободи од стресот. Во вашето слободно време дозволете си на некои личности да кажете “не“ или да откажете состанок.