Како да се однесувате кога сте попаметни од шефот

36

sef

Фото: Pixabay

Во компанијата каде што работите, очекувате од вашиот шеф да научите многу работи, но ситуацијата понекогаш може да биде обратна. Вашиот шеф не ја работи добро својата работа, го нема потребното знаење, а вие поседувате поголеми вештини. Таквата ситуација може да биде фрустрирачка бидејќи постојано се соочувате со поправање на неговите грешки и извршување на работните задачи. Но, тоа не значи дека не можете ништо да преземете. Овие идеи ќе ви помогнат да се справите со ситуацијата кога вие сте попаметни од шефот. Искористете ја можноста да научите од лошото искуство. И од лошите шефови може да научите добри лекции.

Не го озборувајте

Никогаш не зборете лошо и зад грб за вашиот шеф. Без разлика колку тој е некфалификуван, жалењето пред другите ќе се рефлектира лошо врз вас. Може да влијае врз напредокот на вашата кариера или преместувањето во друг сектор. Затоа, не ризикувајте со оговарање бидејќи другите ќе помислат дека истото го велите и за нив. Не се лутете на шефот, туку на оние кои не ве поставиле да бидете шеф.

Бидете позитивни

Обидете се да научите колку што можете повеќе од ваквата ситуација и размислувајте за можноста за напредок во вашата кариера.

Работете со нив, не против нив

Концентрирајте се на изнаоѓање на начини како да работите со шефот, а не како да работите против него. Така работите ќе се одвиваат полесно. Преземете ја лидерската улога кога ќе биде потребно и побарано од вас и подгответе се за водење на работите.

Не му се спротивставувајте јавно

Не му противречете и не го посрамотувајте шефот јавно. Кога не се согласувате за нешто, за проблемот разговарајте со почит и приватно.

Не го сфаќајте лично

Лоши шефови има насекаде и ваквата ситуација не е реткост. Сите се прашуваат како некоја некфалификувана личност може да биде поставена на одговорна позиција, но не ја трошете енергијата жалејќи се за ситуацијата. Најдете начин да ги остварите вашите поставени цели. Фокусирајте се на постигнување на личен успех, а не во посочување на туѓиот неуспех.

Барајте друга работа

Ако ги правите сите претходно посочени совети, а ситуацијата не оди кон подобро, тогаш време е да почнете да барате нова работа каде што ќе се цени вашиот труд и знаење.