Како да се одржи баланс на работното место?

53

balans-pixabayФото: Pixabay

Бизнис Инфо ви дава неколку совети како да бидете ефективни и да го одржите потребниот баланс на работното место.

Направете дневна листа со задачи и видете кои од нив се приоритетни.

Поделете ги големите задачи на помали делови и решете ги една по една според важноста.

Од време на време направете проценка на вашата работа и запрашајте се како би можеле да ја сработите истата работа за помалку време.

Доколку немате време за одредена задача, проценете дали може истата да се заврши и утре. Ако одговорот е негативен тогаш повторно направете листа со приоритетни задачи.

Побарајте помош кога ви е потребна и разговарајте со останатите, (менаџерот или тимот), како меѓусебно повеќе да си помагате во работата и да го извлечете најдоброто еден од друг.

Обидете се да се изолирате од гужвата во канцеларијата за момент и фокусирајте се на вашите задачи. Ова е важно ако имате многу работа, а постојано ве прекинуваат.

Не се обидувајте да сработите повеќе отколку што можете во текот на денот. Бидете реални.

На крајот на денот направете увид на листата со задачи и одредете нови приоритети за следниот ден.

Не плашете се да преговарате за очекувањата и флексибилните распореди со вашиот претпоставен ако е потребно. Понекогаш околностите се менуваат.