Како да се оправдате кога доцните на работа

32

docni

Фото: Pexels

Розмари Хефнер, директор за човечки ресурси во CareerBuilder, советува како да се оправдате пред вашиот претпоставен доколку доцните на работа, пишува Business Insider.

Јавете се

Ако знаете дека ќе задоцните на работа најдобро е да се јавите на претпоставениот, а потоа известете некој од канцеларијата да ве замени ако е тоа потребно.

 Извинете се

Нема да повредите никого доколку се извините. Секој може да задоцни, а пристојно е да се извините доколку тоа се случи. Извинувањето најдобро е да го направите лично, а не преку порака.

Објаснете

Ако имате легитимно објаснување, слободно искористете го. Само обидете се да звучи како објаснување, а не како изговор.

Бидете искрени

Најважно е да бидете искрени. Секоја компанија ја цени искреноста, а ако лажете ќе ја изгубите довербата кај вашиот претпоставен.

Потенцирајте дека нема да премине во навика

Кога се извинувате и објаснувате зошто сте задоцниле, потенцирајте дека ги знаете и цените вредностите на компанијата и дека во иднина нема да доцните.