Како да се ослободите од зависноста од социјалните медиуми?

53

Сè поголем е бројот на зависници од социјални медиуми. Колку повеќе време поминуваме пред екраните, толку полошо влијаеме на нашето здравје, на врските со пријателите, на свесноста за животот околу нас…

Во таа насока и со цел да се намали лошото влијание, еве неколку начини како да ги избегнете (колку можете) социјалните медиуми.

Исклучете ги известувањата

За полесно да ги игнорирате социјалните медиуми, исклучете ги сите потсетници дека нешто (не)важно се случило. Во најголем број на случаи тоа е сосема безначајно, а уште позабавно ќе ви биде кога на крајот на денот ќе седнете неколку минути и ќе проверите што сте испуштиле.

Само – ограничување

Поставете си тајмер или некаков аларм којшто ќе ви го ограничи времето поминато на социјалните медиуми. На пример, тоа нека биде еден час и обидете се да не ја надминувате дозволената граница колку и да ви изгледа примамлива информацијата што следи.

Ново хоби

Одбегнете да поминувате време на телефон, таблет или лаптоп со тоа што ќе започнете ново хоби или активност. Тоа може да биде што било сè додека ве “држи“ подалеку од социјалните медиуми.

Информации на “старомоден“ начин

Книгите, списанијата и весниците… не ги заборавајте алтернативните и поздрави начини да дојдете до новости, информации и сето она што ве интересира.

Средби во живо

Далеку подобро е да остварите контакти со луѓето во живо отколку да се “дружите“ онлајн. Закажете средба, посетете некој отворен настан, зачленете се во некој клуб, активност и слично.

Награда

Кога ќе завршите некоја значајна работа, односно кога сте биле продуктивни во нешто, одвојте малку време за социјалните медиуми. Тоа нека биде еден вид на мало задоволство, награда за тоа што одлично сте се покажале во некоја друга задача.