Како да се реши неетичкото однесување на работното место

131

kafe

Фото: Pexels

Според едно онлајн истражување, три најчести примери на неетичко однесување на работното место се: препишување заслуги за туѓа работа, користење на екстра долги паузи и барање на боледување кога нема потреба за тоа.

Како да ставите крај на ова и да придонесете за зголемување на ефикасноста и моралот на вработените, во продолжение.

Креирајте кодекс на однесување

Поставете го тонот на однесување на работното место со тоа што ќе креирате кодекс на етичко однесување. Кодексот ќе ги постави вредностите што се од клучно значење за бизнисот и ќе создаде заедничка рамка каде секој ќе биде запознаен со границите што не смеат да се преминат во организацијата.

Воспоставете протокол

Кодексот за етичко однесување треба да содржи инструкции како истото да се пријави. На пример, тоа може да се направи преку анонимни повици, состанок зад затворени врати со соодветниот претпоставен или менаџер и слично. Преку делегирање на работите на трето лице, ситуацијата ќе биде сфатена сериозно и компанијата ќе влее доверба кај вработените дека умее на фер начин да се справи со неетичко однесување.

Оспособете ги вработените

Имплементирајте тренинг програми за етичко однесување кои ќе ги опфатат сите и кои ќе придонесат за подобро прифаќање на кодексот. Со тоа вработените ќе знаат да го идентификуваат проблематичното однесување и преминувањето на дозволените граници. Овие обуки можат да се добијат преку соодветни книги и онлајн. Можете да придонесете за одржување на етичкиот кодекс и преку одредени компензации, како еднократен бонус, екстра слободни денови и слично, за оние вработени што служат за пример.

Правете континуирани прегледи на кодексот

Секоја година делете копии од кодексот на секој вработен, зборувајте за тоа на состаноците или повторете ги правилата на некој креативен начин. Бидете сигурни дека вработените го разбираат кодексот на однесување со тоа што ќе потпишат формулар за разбирање. Кога тоа ќе го спроведете ќе создадете атмосфера поткрепена со формални и неформални мерки што ги промовира поставените вредности во кодексот.

Тоа ќе им покаже на вработените дека сте сериозни во намерата да создадете позитивна и етичка работна средина. Истовремено ќе поставите јасни и специфични очекувања што сите ќе ги разберат. Резултатот ќе биде позадоволни работници, а со тоа и подобро работење на самата компанија.