Како да се согласувате со колегите кои не ви се омилени

70

palci

Фото: Pixabay

Речиси и не е возможно на работното место да бидете пријател со секого и во секое време. Секој од нас е различен, има свои ставови, мислења и карактерни особини кои не кај сите предизвикуваат позитивни реакции.

Преземете одговорност

Никој не е безгрешен, па така и вие, затоа преземете одговорност за сопствените грешки. Лесно е да се напаѓаат колегите (Тој доцнеше со извештајот! Таа секогаш си оди дома порано!). Бидете малку самокритични, сигурно и вие правите нешто погрешно некогаш.

Наместо да им “прилепувате” вина, фокусирајте се на потребата да го поправите односот со колегите. Покажувањето со прст може да ве смири во моментот, но сигурно нема да ве однесе далеку на професионален план.

Професионално партнерство

Не мора, а и не можете да бидете најдобри пријатели со секој колега. Она што е потребно да направите е да ги доведете работите до едно фукнционално ниво, каде вашите несогласувања со одредената личност нема негативно да влијаат на било кој од вас. Работете на тоа и ќе биде многу полесно да преминете преку препирањата и тензијата.

Ставете се на нивно местo

Лошото однесување е последица на страв или несигурност. Се грижиме дали ќе им се допаднеме на луѓето, помислуваме дека на некој начин сакаат да ни наштетат, се плашиме дека нешто лошо ќе се случи во секој момент.

Обидете се да сочувствувате со колегите, дури и ако ви одат на нерви. Така ќе се чувствувате многу подобро, ќе го подобрите и вашиот (не)пријателски однос и ќе бидете во состојба да избегнете кавга.