Како да се справиме со намален морал на работа

81

slika-1

Фото: Pixabay

Секојдневно слушаме како се спојуваат фирми, не се знае кој ќе остане на работа, а кој не; фирмите веќе немаат пари, па мора да отпуштаат луѓе итн. Финансиски кризи и несигурност на работа и за работна позиција се веќе секојдневица. Сето ова влијае врз моралот на вработените и врз сите нас, а тоа влијае на продуктивноста, зголемување на бројот на грешки, неисполнети обврски, отсуства од работа итн.

МОРАЛ е чувство на ентузијазам и лојалност што една личност или група на луѓе ја имаат кон исполнување на некоја задача или активност“

Merriam-Webster dictionary

Имајќи го ова предвид, едно е сигурно, а тоа е дека МОРАЛОТ е емотивна состојба во која се наоѓаат луѓето во одредено време. Знаејќи дека е така, тогаш и влијанието на намалување или зголемување на моралот треба да биде насочено таму.

Намалувањето на моралот, во еден колектив, се случува поради:

  • Слабо лидерство – има огромно влијание врз намалување на моралот кај вработените или групата. Лош или слаб лидер не може да го препознае раздорот и соодветно да влијае.
  • Конкуренција – нездрава конкуренција внатре во една организација за одредена работна позиција може да влијае негативно кај вработените. Потребно е да се знаат гранциите на делување и етичките вредности, но и добри менаџерски способности за да се знае кој какви методи употребува.
  • Незадоволство од моментална позиција – секој менаџер или лидер треба да ги препознава карактеристиките на луѓето во тимот, затоа што секој од нив сака да напредува. Тапкањето во место подолг период има негативни последици.
  • Очекувања – сите сакаат да знаат што се очекува од нив и зашто тоа се очекуваа. Со дефинирани очекувања, сите сме на исто и знаеме кој и што треба да направи и ако не се направи тоа, кои се последиците.

Секако, има уште многу работи што влијаат на моралот на вработените, но менаџерите и лидерите се тие што треба што поскоро да го откријат изворот на и соодветно да реагираат:

  • Соочување со намален морал – прво мора да го најдете изворот кој предизвикал да дојде до тоа. Изворот е во местото на опкружување и потребен е екстра напор за да го најдете. Вработените очекуваат од менаџерите да го решат проблемот.
  • Поврзаност – луѓето или групата мора да има чувство дека има поврзаност меѓу нив и менаџментот, дека споделуваат иста визија, дека работат за иста цел. Доколку ова чувство го нема кај луѓето, бидете сигурни дека моралот кај нив е на многу ниско ниво. Концептот за нивното присуство во тимот или организацијата е во магла, па соодветно на тоа и сигурноста за нивната работна позиција.
  • Препознавање – секоја личност сака да знае дека неговата/нејзината работа е вредна и да влијае позитивно на крајната цел. За да го дознае тоа, менаџментот треба да знае да го препознае тоа и соодветно да го искомуницира.
  • Проблематични луѓе – тие се црвот на раздорот. Треба да знаете да ги најдете, затоа што тие може многу брзо да влијаат на моралот на останатите во групата. Што побрзо го отстраните црвот на раздорот, тоа побргу имате шанса за повторно враќање на работите во нормала.
  • Системот – понекогаш, намален морал може да биде знак на дисфункционален систем на работење и организациската поставеност. Поставување недостижни цели, казнување без и наградување и слични работи, влијаат за демотивираност кај вработените.

Имајте на ум дека намалениот морал е емотивна работа. Што побрза е реакцијата, тоа само позитивно може да влијае на зголемување на моралот меѓу вработените. Најдобар мотиватор за надминување на таа ситуација е да направите луѓето да се чувствуваат дека се дел од тимот, да ја знаат својата вредност и дека се важен дел од системот.

Со успех во промените.