Како да се справите со мобингот на работното место

92

mobing-pixabay

Фото: Pixabay

Секој може да биде жртва на мобинг на работното место, без разлика на пол, возраст и функција, степен на образование… Вознемирувања, закани, погрдни зборови, потценување и општо недолично однесување кон колега или вработен, сето тоа спаѓа во мобинг на работа.

Како да се справите со ваквото однесување, во продолжение.

Останете рамнодушни. Во ниеден момент не дозволувајте емоциите да ве надвладеат. Не покажувајте вознемиреност или кревкост.

Не се обвинувајте себеси. Тоа нема врска со вас. Виновен е тој што го врши мобингот. Сето тоа е игра на умот, нема врска со вашите достигнување на работното место.

Работете како што треба. Потценувањето и злобните коментари нема да имаат никаква основа, доколку вие доследно си ги извршувате работните задачи.

Изградете цврсти пријателски односи. Создадете тим на поддржувачи, кои без разлика на случувањата ќе ви дадат поддршка и ќе застанат зад вас кога некој ве напаѓа.

Документирајте сè што се случува. Доколку ситуацијата стане неподнослива, ќе имате докази кога ќе сакате случајот да го изнесете пред надлежните.

Побарајте стручен совет. Ако мобингот веќе направил “штета”, совет од стручно лице ќе ви помогне да го намалите стресот, којшто ви пречи во извршување на работните задачи.

Образувајте се. Прочитајте малку повеќе во врска со мобингот на работното место и дознајте какви се политиките на компанијата во случај на мобинг. Колку повеќе знаете толку подобро ќе се справите со ситуацијата.

Не очекувајте “насилникот” да се промени. Можете да дадете сè од себе во обидот да ги средите односите меѓу вас и вознемирувачот. Но, не очекувајте премногу, сепак оваа работа е одговорност на компанијата, која што треба да обезбеди нормални работни услови.