Како да се справите со мрзлив колега

56

kolega

Фото: Pexels

Дали работите со колега на кого паузата за ручек му трае два часа, големиот дел од времето го поминува на социјалните мрежи или само седи на бирото, додека вие се соочувате со извршување на голем број на задачи? Работата останува незавршена поради мрзливиот колега, а вие се фрустрирате бидејќи треба да ја завршите и неговата работа.

Работењето со мрзлив колега е тешко, но овие неколку совети може да ви помогнат да се справите, пишува USNews.

Зборувајте директно со вашиот колега

Некои колеги се толку мрзливи и немотивирани што дури и разговорот нема да направи промена, бидејќи тие едноставно не се грижат. Сепак, во некои случаи ситуацијата можете да ја решите преку директен разговор. Ако сметате дека колегата можеби и не е свесен за тежината и влијанието на неговата мрзливост врз вас или ќе му стане непријатно, тогаш директно разговарајте.

Разговарајте со вашиот менаџер

Ако проблемот влијае на вашата работа, тогаш разговарајте со вашиот менаџер. Објаснете дека трошите многу време во завршување на недовршените работи на вашиот колега.

Не го “покривајте“ мрзливиот колега

Не ја завршувајте недовршената работа на мрзливиот колега и не го прикривајте. Наместо тоа, учтиво одбијте го велејќи дека се соочувате со кратки рокови или голем обем на работа. Кога ќе одбиете да ја завршите работата на мрзливиот колега вашиот менаџер ќе сфати што се случува.

Не дозволувајте да влијае на вашиот став

Не ги прифаќајте работните навики на вашиот мрзлив колега. Не заборавајте дека оваа личност ја следи лоша репутација.