Како да се справите со шеф кој бара премногу?

25

Вредната и посветена работа и лојалност кон претпоставените се добри карактеристики на секој вработен. Но, што ако шефот е перфекционист и бара повеќе отколку што можете да постигнете?

Како да постапите во таков случај? Одговорот во продолжение.

Одбегнувајте ги

Едноставно, доколку не сакате да го жртвувате вашиот приватен живот, а веќе сте слушнале каде и кои шефови бараат премногу, одбегнете ги тие работни места. Не аплицирајте онаму каде веќе знаете дека работата ќе биде прилично тешка. Добро истражете пред да прифатите одредена позиција.

Поставете свои граници

Тука применете ја тактиката “сендвич“. Започнете го разговорот со нешто добро и позитивно, потоа кажете ги негативните работи, дека не можете да го постигнете тоа што се бара иако давате се од себе. На крај повторно завршете со позитивна мисла.

Прво факти, потоа преговори

Изнесете ги сите факти на маса, а потоа започнете со наоѓање на алтернатива. На пример дајте до знаење на вашиот претпоставен дека тоа што го бара во петок попладне, ќе одземе цел викенд… Потенцирајте дека ја разбирате важноста на задачата, но сепак имате и свои приватни обврски што мора да ги завршите.

Пронајдете го балансот

Доколку работата мора да ја “носите дома“ тогаш пронајдете момент најпогоден за да ја завршите. Посветете време на семејството кога е најмногу потребно, а некаде помеѓу тие моменти одвојте некоја минута да го сработите неодложното.

Покажете дека давате се од себе

Ако повеќе пати се случило да испуштите важен фамилијарен момент поради работата, кажете го тоа на вашиот шеф. Објаснете дека сакате да бидете посветен работник, но не по цена да го жртвувате приватниот живот и семејството. Предложете да најдете соодветно решение, на пример соодветна замена која што ќе може да одговори наместо вас во дадениот  момент.