Како да се справите со шефот кој ги краде вашите идеи

1

kradenje

Фото: Pixabay

Да се биде лојален член на тимот не бара од вас да бидете пасивна жртва. Вработените најчесто се жалат дека работодавачите не ја признаваат добро завршената работа. Честопати шефот си ја презема заслугата за себе, крадејќи ја вашата идеја. Вие се чувствувате фрустрирани на состанокот каде се делат пофалби на вашиот шеф, премолчувајќи го фактот дека тоа било ваша идеја или заслуга, плашејќи се да не ја изгубите работата. Сепак, постојат неколку работи што може да ги преземете ако вашиот шеф го собира кредитот за вашата напорна работа или добра идеја, пишува Еntrepreneur.

Оценете

Оваа ситуација може да биде вознемирувачка за вас, но контролирајте ги емоциите и не преземајте погрешен потег. Ако го навредите шефот може да го изгубите работното место. Можеби тој е загрижен за неговата положба во компанијата, па ги зграпчува туѓите идеи. Потрудете се поинаку да гледате на ситуацијата. Кражбата од вашиот шеф може да биде признанието што го барате. Исто така, фактот дека вашите идеи се вредни за кражба е комплимент.

Имајте сведоци

Ако крадењето на вашите идеи стане практика на вашиот шеф и ви го попречува напредокот, тогаш сменете го пристапот. Осигурајте се дека остатокот од тимот може да види што се случува. Ако не знаат што прави вашиот шеф, тогаш вашите идеи соопштувајте ги кога сите колеги ќе бидат присутни. Бидете сигурни дека соработниците се сведоци на вашата напорна работа, така што тие ќе може да гарантираат за вас доколку треба да се избере.

Документирајте

Почнете да оставате “хартиени траги“. Документирајте ги вашите работи, пишувајте и електронски пораки и меморирајте ги, така најдобро ќе може да го докажете потеклото на идејата. Правете забелешки на вашиот календар.

Дискутирајте

Пред да почнете да барате друга работа, разговарајте со вашиот шеф за кражбата на идеи. Преземањето на заслуги за вашата напорна работа можеби не било негова намера.