Како да се справите со страв и анксиозност на работа

682

strav

Фото: Pexels

Различни ситуации на работното место, може да бидат причина за создавање на анксиозност (тежина, страв, непријатност, вознемиреност) кај луѓето. Завршување на задачите во даден рок, држење на презентации, говор, барање за зголемување на платата, комплициран проект… сите се плашат од нешто на работа.

Токсичната работна средина или стресните задачи може да создадат хроничен стрес кој може да развие долгорочна анксиозност, а тоа штетно влијае на здравјето. Ако се чувствувате уплашено, депресивно, анксиозно тоа значи дека треба да се соочите со проблемот, бидејќи напнатоста и тежината поради работата не се нормална појава. Избегнувањето на ситуациите кои предизвикуваат анксиозност е начин на кој луѓето некогаш реагираат, но тоа не може да биде долгорочно решение бидејќи може да го спречи напредокот во кариерата или губење на работата.

Овие неколку стратегии ќе ви помогнат да ја надминете анксиозноста на работното место.

Останете “зафатени“ по работното време

Кога ќе завршите со работните обврски, најдобро е да останете “зафатени“ по работата. Поминете го времето со пријатели и семејството и заменете ги тензичните мисли со нови и подобри спомени.

Бидете креативни и позитивни

Креативноста е најдобриот дел од човечкото искуство и одлична алатка за намалување на анксиозноста. Гледајте позитивно на работните задачи и секогаш сетете се на тоа што може да го добиете од успешно завршената работа и кои се бенефитите. Фокусирајте се на остварување на резултати, смислете нов пристап на решавање на проблемите и бидете отворени кон спроведување на промени.

Вежбајте пред јавен настап

Стравот од јавен настап е честа појава. Без разлика дали треба да се зборува пред многубројна публика или пред неколку колеги, мислата за јавен настап предизвикува прекумерно потење, зголемен притисок, брзо чукање на срцето… Луѓето кои се соочуваат со овој страв обично “ бегаат“ од работни места кои вклучуваат елементи на јавно говорење, а со тоа може да ја пропуштат идеалната работа. Најдобар начин да ја спречите анксиозноста од јавен настап е да го вежбате говорот или презентацијата. Размислете однапред за прашањата кои може да ви се постават и подгответе одговори.

Прифатете критика

Критиката е главен извор на конфликт на работното место и предизвикува напнатост и негативни емоции. Сепак, конструктивната критика е ефективен метод за учење и професионално развивање. Затоа прифатете ја секоја добронамерна критика и слушнете ги забелешките.

Дајте си поддршка

Дајте си самите себе си поддршка. Изговорете ги во себе зборовите кои би ги упатиле на некој пријател или колега со намера да го мотивирате да се избори со настанатиот проблем.