Како да се справите со стресот и да постигнете успех

32

Стресот е сосема нормална реакција на организмот кога се соочува со некаква опасност или навидум нерешлив проблем. Она што е важно за стресот е да не се дозволи да “излезе од контрола“. Многу претприемачи честопати велат дека работата им е стресна, но за среќа има неколку трикови за успешна контрола на ваквите ситуации.

Спознавање на ефектите на стресот

Кога мислите ви се негативни, неутрални и кога сте под стрес, мозокот не фукнционира баш најдобро. Тоа ве спречува да ги искористите вашите ментални ресурси. Кога, пак, размислувате позитивно со мала доза на загриженост мозочните ќелии работат во насока на изнаоѓање на иновативни и фокусирани решенија.

Контрола над она што е возможно

Направете листа на сите работи што ви предизвикуваат стрес. Запрашајте се колку од нив можете во моментот да ги контролирате. Потоа, одвојте ги во две колони, во едната ставете ги оние што можат да се контролираат, а во другата запишете ги нештата врз коишто немате контрола, барем во тој момент. Тоа ќе ви помогне подобро да ја согледате реалностa и да го насочите својот фокус каде што е најпотребно.

Научете да кажете стоп

Понекогаш претприемачите се толку желни за бизнис зделки што се случува да прифатат сè што ќе им “дојде под рака“ и да направат сè што веруваат дека е потребно за да задоволат нечии потреби. Во такви моменти треба да се повлече линија, да се каже стоп. Научетe да прифаќате работи и клиенти што навистина се важни и итни и поставете реални очекувања за крајните рокови. Ако самите не умеете да го контролирате сопственото однесување и емоции, никој друг нема да може да ви помогне.

Фото: Pixabay