Како да се справите со “тешки“ луѓе на работа

202

Каде и да работите, може да се соочите со проблематични луѓе. Справувањето со колеги, шефови, клиенти и пријатели е уметност што бара усовршување и претставува предизвик.

Некои од нив постојано зборуваат и никогаш не слушаат. Други мора секогаш да го имаат последниот збор. Има и такви кои не знаат да чуваат тајна или ве издаваат кај шефот. Ваквите колеги честопати знаат да ве стават во непријатна ситуација.

Работната средина може да ја подобрите кога ќе ја подобрите вашата способност да се справите со “тешките“ колеги или клиенти околу вас.

Најголем проблем се очекувањата во нашите глави. Едноставно кажано, имаме однапред дефинирани очекувања за тоа какви треба да бидат другите луѓе. Во исто време, забораваме дека сите сме различни. За да спречиме такво чувство барем во еден дел, треба реално да ја разгледаме ситуацијата и да размислиме зошто некое лице се однесува на начинот на кој се однесува. Зошто дури и го доживуваме како “тешка“ личност? Дали е сè толку црно-бело?

Размислете што ги прави такви луѓе. Постојат неколку категории на типично тешки луѓе, откако ќе ги препознаете, веројатно ќе можете полесно да пристапите до нив. Некои од нив се:

а) Самобендисан (тој е преокупиран исклучиво со самиот себе, не е тимски играч, сака да се истакнува)

б) Песимисти (вечно негативни)

в) Несигурни (без разлика дали се колеги, шефови или клиенти, со нив е многу тешко да се работи затоа што не можете да се потпрете на нив кога ви се најпотребни)

г) Агресивни (без оглед за што станува збор, имаат чести изливи на гнев и тешко е да се постигне квалитетна соработка со нив)

д) Саботери (најтешката форма, без оглед на напорот, ќе се обидат да ја саботираат вашата идеја)

Обидете се да влезете во нивна кожа

Сигурно сте ја слушнале изреката: “Во туѓ двор, тревата е секогаш зелена“. Обидете се да се ставите во “туѓа кожа“ и да гледате на светот од туѓа гледна точка. На овој начин ќе добиете подобар увид во однесувањето на другите луѓе и може да сфатите дека работите не се како што ви изгледаат и ќе имате можност подобро да ги разберете.

Не го сфаќајте лично

Запомнете дека клиентот не е лут на вас, туку е незадоволен од производот или услугата што ги нудите.

Слушајте внимателно

Слушајте го лутиот клиент трпеливо за да ја смирите ситуацијата. Кога ќе заврши со зборување, можете да му поставите прашања преку кои ќе ја разјасните нивната жалба. Внимавајте и на вашиот говор на тело, одржувајте контакт со очите, бидете исправени и не ги вкрстувајте рацете. Покажете дека сте посветени на разрешување на неговиот проблем.

Обидете се да ја решите ситуацијата без кавга

Ако видите дека разговорот се движи во таа насока и дека може да влезете во конфликт, обидете се безболно да ја префрлите темата на нешто што не е поврзано додека не се смират емоциите.

Фото: Pixabay