Како да си го вратите викендот

11

vikend

Фото: Pixabay

Честопати ви се случува да го поминете викендот пред компјутер поради завршување на некаква работна обврска. Напорната работа и недостигот од време за одмор доведуваат до замор, што е многу лошо за вашето здравје.

Сите заслужуваме време за одмор, а викендот е период кога може да ги наполните батериите и да се релаксирате. Затоа, прифатете го како предизвик враќањето на слободниот викенд и седењето настрана од компјутер. Според Inc, искористете ги овие неколку совети и преземете акција следниот викенд да ви биде слободен.

Прилагодете го вашиот став

Пред да направите било каква промена, прво треба да ја смените вашата перцепција за викендот. Многу од нас викендот го гледаат како бонус време. Работните обврски што не сме ги завршиле во работното време ги оставаме за сабота или недела. Сепак, оваа претпоставка е потребно да се смени доколку сакате да го резервирате викендот за уживање. Престанете да гледате на викендот како време во кое ќе ги завршите недовршените работи од регуларните денови за работа.

Подгответе се

Ако претходно сте работеле за викенди, а сега планирате да престанете, технички губите два дена. Потребна ви е соодветна подготовка да си го дозволите одморот. Тоа може да значи дека ќе треба да работите неколку часа плус од понеделник до петок, но секако се исплати обезбедувањето на викенд одмор без стрес. Најдобро е на почетокот на работната недела да си направите забелешки кои големи работи треба да ги завршите пред петок попладне.

Поставете очекувања

Ако сте работеле за викенди, тогаш и другите колеги, соработници се навикнати на вашето работење. Можеби колегите или клиентите ви испраќале електронска пошта или ви се јавувале за викенди, но ако сте решени да си го вратите слободното време, потребно е да ги известите и соработниците. Бидете јасни кон другите дека не работите за време на викендот, а ако треба оставете и говорна порака на вашиот телефон.

Прифатете го недовршеното

Запрашајте се колку од работите што ги преземате треба навистина да бидат завршени до понеделник. Можеби има многу проекти или задачи што висат над вашата глава, но треба да препознаете што навистина е неопходно да се заврши. Освен ако не е навистина нешто итно, другото оставете го за почетокот на работната недела.