Како да создадете идни бизнис лидери

87

Најдобрите лидери во бизнисот знаат дека нивн задача е да креираат нова класа на лидери кои ќе умеат да ја преземат работата во свои раце кога ќе дојде вистинско време. Тоа не е лесна задача и потребно е време, трпение и енергија за да се создаде една способна личност подготвена за големи предизвици.

Што треба лидерите да направат за да креираа идна генерација на водачи?

Да им дозволат на членовите од тимот да го преземат водството на состаноците, дури и ако другите мислат дека тоа е прерана одлука.

Да го споделат искуството и лекциите што ги научиле со цел да им укажат на останатите од тимот како да ги одбегнат можните грешки.

Да ги поттикнат идните лидери да ги користат нивните таленти и вештини и да создадат можности за истите да можат паметно и ефективно да се употребат.

Да водат разговори за пронаоѓање и решавање на слабите точки, со цел да се одржи нивниот кредибилитет во организацијата.

Да ги поврзат членовите на тимот со другите луѓе во и надвор од компанијата, коишто имаат поинаква позиција, стручност и гледишта со цел подобро да го разберат функционирањето на компанијата и индустријата.

Континуирано да делегираат нови задачи за да можат останатите членови побрзо да учат нови вештини и да стекнуваат искуство во работењето.

Фото: Pexels