Како да создадете позитивна работна средина

22

Не е мал предизвик да создадете работна средина каде што вработените ќе се чувствуваат пријатно исполнето и продуктивно. Секој претприемач сака да работи со задоволен тим, но не е така лесно да се постигне тоа.

Во продолжение неколку совети што ќе ви покажат во која насока треба да се движите.

Негувајте пофалби кон тимот и охрабрете ги да го сторат истото

Вие како лидер треба да ја пофалите добрата работа на тимот, односно на вработениот кој навистина се покажал. Со тоа ќе дадете до знаење на останатите дека за секоја одлично завршена задача треба да се честита, а не да се гледа со завидливи очи.

Отворени дискусии и еднаквост меѓу вработените

Секогаш настојувајте сите вработени да ги третирате еднакво. Секој треба да си го каже своето мислење за време на отворените дискусии, што исто така треба редовно да ги одржувате.

Меѓусебна запознаеност

За да има што помалку несогласувања и кавги, вработените треба доволно да се познаваат меѓусебе и добро да комуницираат. Колку помалку ги знаат меѓусебните силни и слаби страни толку полоша ќе биде соработката, а со тоа и продуктивноста.

Славење на секоја тимска победа

Заедничка прослава на секој тимски успех може многу да придонесе за позитивна работна средина. И најмалите победи заслужуваат внимание.

Заедничка дружба и надвор од канцеларијата

Докажано е дека дружбите надвор од работното место се многу важни за зближување на вработените и креирање на чувство на заедништво.

Почитување на приватноста

Вие како тим лидер и одговорен за вработените треба максимално да ја почитувате нивната приватност, особено ако станува збор за деликатни прашања и разговори. Со тоа ќе бидете пример дека сте човек и доверба и ќе поттикнете такво однесување и кај останатите.

Заедничка ретроспектива на сработеното

На крајот на работната недела треба сите заедно да се навратите на тоа што се случило, односно сработило. Да дискутирате за тоа што треба да се заврши и како истото да се постигне.

Заедничко поставување на граници и очекувања

Слично како и ретроспективата треба заеднички да поставите граници и очекувања од секого и за секого. При тоа клучно е да внимавате секој да добие еднаков третман соодветно со тежината на работната позиција.