Како да станете подобра личност

45

biz

Фото: Pixabay

Ништо не е поважно од тоа како се чувствувате и што мислите за себе. Престанете да се фокусирате на тоа колку сте зафатени и најдете време за важните работи во животот, како што се ментален, физички и емоционален развој. Работете на себе секој ден, за да станете подобри и лично и професионално.

Еве неколку реченици за инспирација од луѓе што знаат како се прави тоа:

Ни требаат луѓе што ќе ни дадат фидбек. Така ќе станеме подобри. – Бил Гејтс

На неуспехот гледајте како на лекција како да не постапувате за да ја постигнете целта, а потоа искористете го тоа искуство да успеете кога ќе се обидете повторно. Неуспехот е крај само ако одлучите да застанете. – Ричард Брансон

Секогаш правам нешто за што не сум подготвена да го направам. Така се расте. Кога ќе дојдете до моментот “Не сум сигурен/на дека можам да го направам тоа” и потоа го надминете, тогаш сте направиле чекор напред. – Мариса Мејер

Комуникацијата е вештина што треба да се научи. Тоа е како да возите велосипед. Ако сте одлучни да работите на тоа, значително ќе го подобрите квалитетот на секој аспект од животот. – Брајан Трејси