Како да стекнете кредибилитет

54

pexels-photo-353641

Фото: Pexels

Кредибилитетот е значаен за успех. Без разлика дали сте заинтересирани за изградба на бренд или зацврстување на позиција како добар лидер важно е да го имате изградено. Кога поседувате кредибилитет соработниците, колегите, клиентите чувствуваат голема доверба кон вас. Довербата е најмоќната емоција која доминира во процесот на донесување на одлуки. Вработувате, купувате, прашувате луѓе во кои во кои имате доверба.

Веродостојноста значи негување на сет од специфични квалитети, без разлика која е вашата улога, организација или индустрија. Ако сакате да стекнете кредибилитет земете ги предвид овие неколку совети.

Понудете доверба

За да изградите кредибилитет мора да изградите и добиете доверба. Ако им се допаднете на луѓето тие ќе ви веруваат, а кога ќе ви веруваат ќе соработуваат со вас.

Бидете компетентни

Станете експерт во вашата област. Кога ќе бидете способни да ја анализирате ситуацијата и да најдете соодветни решенија за настанатиот проблем, вашата сигурност ќе ги привлече луѓето да сметаат на вас.

Бидете доследни

Сè што правите, велите и мислите треба да биде доследно. Пораките што ги испраќате, активностите кои ги преземате треба да бидат усогласени со тоа што го правите. Кредибилитетот се добива кога сè е конзистентно односно она што го велите тоа што го правите.

Зборувајте ја вистината

Бидете автентични за да стекнете кредибилитет. Кога се обидувате да добиете доверба не користете лаги за да постигнете одредена цел.

Бидете искрени и лојални

Не мора да кажете сè што мислите, но тоа што ќе го речете треба да биде искрено. Искреноста бара да бидете цврсти и секогаш јасни без оглед на ситуацијата. Вашиот кредибилитет расте кога се грижите за интересите на луѓето околу вас.