Како да заработите од YouTube?

94

youtube-1719926_960_720

Фото: Pixabay

Постојаната пристапност до интернет им овозможува на многу луѓе да заработат за живот. Сепак за заработка од YouTube потребно е подлабоко да се навлезе во проблематиката и воспоставувањето на стратегија којашто ќе функционира.

За да заработите од YouTube не треба да го гледаде како платформа од којашто ќе се заработите, туку како начин за промоција. Затоа што добрата промоција е тоа што ќе ги продаде вашите производи. Еве неколку совети во продолжение.

Продавање на сопствените производи преку е-продавници

После Google, YouTube е втората најголема пребарувана мрежа на светот. Еден од најдобрите начини за заработување прку YouTube е преку продавање на сопствените производи. Ако веќе имате производ за продажба, можете да отворите продавница за електронска продажба со помош на Shopify, а потоа да снимате видео запис којшто се вклопува со вашиот производ. Ако имате добар производ и вашиот видео запис е едноставен и интересен ова ќе привлече купувачи.

Продавање на премиум видео записи

Ако вашата крајна цел е вистинско заработување од видео записи, постои многу подобра опција отколку едноставното потпирање на поделбата на приходите од огласи. Наместо ова можете да создатете YouTube канал и да создате поублика, а целта би била создавање на бренд. Потоа кога веќе ќе имате доволно голема репутација и публика која ве следи, можете да поминете на насочување на гледачите кон купување на вашиот производ.

Привлекување на спонзорства

Ако ги анализирате најуспешните YouTube-ри ќе забележите дека тие имаат одредени спонзорства и реклами којшто се вметнати во нивните видео снимки. Во поголем дел од случаите заработката којашто потекнува од самите спонзорства е поголемо од самата заработка од појавувањето на YouTube. Самото спонзорство овозможува два извора на приходи од еден исти видео запис.

Предавања и гостувања

На крај е добро да се искористи YouTube репутацијата за предавања и различни гостувања каде што би имале прилика да зборувате во живо. Во зависност од публиката која ја имате, направете истражување за актуелни теми коишто би ги сакала публиката. Искористете и свои постари видео записи како би направиле еден вид на промотивен пакет. Гостувањата и држењето на предавање или говорот во живо може да биде многу корисно за заработка.