Како да зборувате, а другите да ве слушаат

mikrofon

Фото: Pexels

Сите се соочуваме со ситуација кога треба да убедиме или претставиме идеја пред друга личност. “Мојата компанија ќе го смени светот, инвестирајте. Одлично се вклопувам на таа позиција, вработете ме…“. Но, пред некого да увериме, мораме да ја натераме другата страна да нè слуша. На прашањето како да зборувате, а другите да сакаат да ве слушаат, одговара Џулијан Трешр, експерт за јавно говорење, пишува Inc.

Човечкиот глас е веројатно најмоќниот звук на светот. Тој истакнува седум лоши навики од кои коишто треба да се откажете за да имате успешен говор:

Озборување

Осудување

Негативност

Жалење

Изговори

Лажење

Догматизам

Вредностите според кои треба да се раководите за да остварите добар говор се:

Искреност, бидете јасни и директни.

Автентичност, бидете она што навистина сте.

Интегритет, оставете впечаток на личност на која може да ѝ се верува.

Љубов, посакувајте им на сите добро.

Освен што е важно што ќе кажете, исто така, важно е и како ќе го кажете. Истражувањата покажуваат дека повеќе сакаме да слушаме гласови кои се нежни и топли. Кога говорите, внимавајте да не зборувате еднолично, бидејќи тешко е да се слушаат оние кои зборуваат монотоно. Брзината со која зборувате, исто така, е важна.

Ако зборувате побрзо, покажувате возбуда, ако сакате да нагласите нешто тогаш забавете. Не ја потценувајте вредноста на тишината, бидејќи совршено темпирана пауза може да ѝ овозможи на вашата публика да размислува за она што им го говорите.