Како да зборувате со шефот за некој проблем

63

kocka

Фото: Pexels

Заедничка карактеристика на сите шефови е тоа што не ги сакаат изненадувањата. Затоа, ако сакате да пренесете некаков проблем со којшто се соочувате треба да знаете како да го направите тоа. Информирајте го шефот за проблемот додека сè уште постои време тој да преземе акција. Никој не сака да пренесе тешка порака, но кога ќе се пренесе правилно може да биде корисен начин да изградите доверлив однос со вашиот шеф. Кога ќе се соочите со некаков проблем и не знаете како да продолжите понатаму, најдобро е да му се обратите на шефот со потенцијално решение кое тој би го одобрил.

Еве пет чекори што треба да ги преземете следниот пат кога ќе треба да му посочите на шефот за проблемите со коишто се соочувате.

Побарајте време

Дајте му до знаење на шефот дека би сакале да разговарате со него за значајно прашање и прашајте го кога ќе биде најдобро време да зборувате. Бидете сигурни дека вашиот шеф не се наоѓа во ситуација на решавање на други потешки проблеми за решавање.

Објаснете го проблемот

Кога шефот ќе има време да води продуктивна дискусија со вас, убаво објаснете го проблемот со којшто се соочувате. Посочете го специфичното влијание што го има врз вашата работа и целите на компанијата.

Пренесете го вашето решение или пристап

Објаснете како веќе сте се обиделе да го решите проблемот и што сте научиле од тој обид. Препорачајте специфичен пристап со алтернативи за да му дадете на шефот повеќе опции. Јасно дефинирајте ја секоја опција, адресирајте ги добрите и лошите страни како и сите потенцијални ризици и бариери. Објаснете ја логиката на секој ваш пристап, така шефот ќе знае дека сте разгледале неколку можни исходи.

Дискутирајте за бенефитите

Размислете за влијанието што вашето предложено решение ќе го има врз вас и другите, вклучувајќи го и шефот. Бидете јасни за тоа како вашата идеја ќе има долгорочни ефекти врз целите на организацијата.

Правете забелешки

Кога еднаш нема да знаете како да решите одреден проблем е прифатливо и може да се прости. Но, ако постојано му се обраќате на вашиот шеф за истите проблеми, тогаш оставате впечаток на непосветен работник. Правете забелешки на одговорите од шефот и следниот пат кога ќе се соочите со ист или сличен проблем ќе може да се потсетите на важните заклучоци.