Како да знаете дали шефот ви верува

28

pexels-photo-450270

Фото: Pexels

Добивате измешани сигнали од вашиот претпоставен. Не сте сигурни дали ви верува или пак сте само една пречка во остварување на неговата замисла. Следниве неколку знаци ќе ви помогнат да дознаете.

Ви дава тешки задачи

Можеби ќе помислите дека шефот не ве сака ако постојано ви дава сложени задачи за решавање, но ќе згрешите. Напротив, само се обидува да ги тестира вашите способности, токму затоа што знае дека сте човек од доверба и вреден работник.

Сака да го чуе вашето мислење

Често ве прашува да кажете што мислите во врска со некоја задача или проблем и ви дава доволно време да се изјасните на состаноците. Секогаш е тука да ве сослуша и вашите идеи се добредојдени.

Прво ве одбира вас

Без разлика дали станува збор за некоја специјална задача или тековни задолженија, шефот прво ви се обраќа вам и ви дава инструкции што треба да се реши и до кога.

Вие сте личноста од помош

Доколку некој друг колега има одреден проблем со нешто, шефот го препраќа кај вас за совет. Исто така, вие сте личноста што континуирано покажува добри резултати и претпоставените ве даваат за пример.

Ве прашува за вашите планови

Не станува збор за “душкање“ по вашата приватност. Шефот едноставно сака да знае кои се вашите планови, дали сте задоволни и што треба да направи за да ве задржи на работното место.