Како до поголема моќ?

34

cekan

Фото: Pexels

Доколку сакате да делувате моќно и супериорно и да имате поголема контрола над случувањата и луѓето околу вас, следете ги овие мали и мудри совети.

Никогаш не го засенувајте претпоставениот/менторот.

Не ги откривајте вашите намери и планови.

Секогаш кажувајте помалку од она што е потребно.

Репутацијата многу значи. Чувајте ја најдобро што можете.

Истакнете се во толпата, не останувајте во сенка.

Оставете ги другите да дојдат кај вас, бидете потребни за нив.

Победувајте со вашите дела, не со зборовите.

Кога барате помош водете се од интересите на другиот. На тој начин сигурно ќе го добиете тоа што го сакате.

Поразете го непријателот до крај.

Не се појавувајте секогаш и секаде, ќе бидете повеќе почитувани и ценети.

Треба добро да знаете со кого си имате работа, немојте да навредите погрешна личност.

Не си ги валкајте рацете со грешки и “нечисти” работи.

Започнувајте ги работите смело, сигурно и без двоумење.

Направете вашите постигнувања да изгледаат како лесна задача, но задржете ги триковите за себе.

Откријте ги слабите точки кај другите ако сакате да имате котрола врз нив.

Ако сакате кралски третман однесувајте се кралски.

Никогаш не брзајте, внимателно испланирајте и контролирајте го времето.

Не постои бесплатен ручек. За вашата сметка погрижете се самите.

Бидете оригинални, свои, единствени… никогаш не се обидувајте да го замените успешниот претходник.

Зборувајте за потребата од промени, но никогаш не менувајте многу работи одеднаш.

Не трудете се да изгледате совршено и без маани, може да биде опасно.

Не одете подалеку од целта, треба да знаете кога да престанете.