Како до поголема самодисциплина

64

Некои луѓе тешко успеваат да одолеат на секојдневните искушенија. Без разлика за што станува збор, секој од нас треба да се контролира, да не подлегнува на многуте нешта што (не) намерно ни го одвлекуваат вниманието.

Да се има самодисциплина значи успешно да се управува со своите емоции, желби и потреби, а она што треба да го направиме е следново:

Познавање на сопствените слабости

Прва појдовна точка е признавање и препознавање на сопствените слабости. Но, ретко кој отворено зборува и ги признава своите маани. Луѓето најчесто се обидуваат да ги прикријат, со цел да изгледаат помалку ранливи и помоќни. Сè додека не застанеме зад своите недостатоци, нема да можеме да ги надминеме.

Отстранете ги “искушенијата“

Можеби сте зависник од брза храна, онлајн игри, социјални медиуми, шопинг… што и да е вашата слабост, настојувајте да ги тргнете од видно поле сите работи што можат да ве натераат да подлегнете на искушението. Едноставно “исклучете се“, не поминувајте покрај бутиците, фрлете ги грицките и благите… бидете доволно силни, ако сакате да си помогнете. Што помалку ги гледате овие “искушенија“ толку полесно ќе ги заборавите.

Поставете си јасни цели и план за исполнување

Ако сакате да ја подобрите сопствената дисциплина мора да знаете што сакате, да имате цели во животот, но и планови за нивно исполнување. Кога сето ова ви е добро познато и испланирано многу полесно е да се придржувате за одредени работи, да бидете дисциплинирани и да работите во насока на остварување на замислите.