Како до поголема самодисциплина

46

За сè што во животот (не)постигнуваме најчесто “виновни“ сме самите. Сè започнува од нас, односно од начинот на којшто ги доживуваме и правиме сите работи.

Еден од најважните фактори за успех е самодисциплината. Како да ја постигнеме и подобриме?

Признавање на слабостите

Ако останеме слепи на своите слабости нема да успееме да ги потиснеме или елиминираме. Честопати луѓето мислат, односно се лажат дека немаат слаби точки, а со тоа само си наштетуваат во создавање на едно подобро ЈАС.

Отстранување на искушенијата

Сето она што ве доведува до искушение и ве тера да бидете “лоши“, треба на паметен начин да го отстраните. Ако сакате да јадете поздрава храна, фрлете го благото и грицките. Ако сакате да работите поефикасно, исклучете се од социјалните мрежи… Трудете се да имате што помалку “одвлекувачи на внимание“, така ќе бидете подисциплинирани.

Јасни цели и план за нивно постигнување

Важно е да знаете што сакате и што ве прави среќни. На тоа надоврзете јасни цели и план за нивно постигнување и останете верни на истите. Така ќе ја испитате моќта на самоконтролата и ќе работите на нејзино подобрување.

Чекор по чекор

Наместо да сакате да смените сè одеднаш, започнете со мали чекори и фокусирајте се на една работа. Ако сакате да бидете во подобра форма, започнете со лесни вежби… сакате да спиете подобро, легнувајте си малку порано… Што и да правите запомнете дека за да успеете треба да одите чекор по чекор.

Резервен план

Понекогаш ќе се случи да се најдете во ситуација што ќе ја стави вашата самодисциплина пред тест. Затоа, предвреме направете резервен план, како да се однесувате и што да правите. Така подготвени полесно ќе ги контролирате емоциите и желбите.

Фото: Pixabay