Фото: Pixabay
Бизнис Инфо ви дава неколку совети како успешно да го продадете тоа што го нудите.
Не смеете да делувате очајно пред купувачот. Hему не му е битно дека вие морате да го продадете производот за да остварите одредена цел или поени. Ако му треба производот, купувачот ќе го купи и без многу убедување.
Бидете свој мотиватор. Поставете си цел и обидете се да ја остварите најдобро што можете.
Заборавете на лежерниот стил. Доколку сакате да бидете сериозно сфатени, внимавајте што ќе облечете. Делувајте професионално и со облеката.
Бидете добар комуникатор. Внимавајте на тонот на гласот кога зборувате со клиентите, бидете јасни во говорот и осигурајте се дека купувачите разбираат што нудите.
Понудете го она што производот навистина претставува. Лагите порано или подоцна се откриваат.
Не се плашете од таргети. Но, прифатете ги само кога се реални и достижни.
Со седењето во канцеларија не правите ништо. Излегувајте, запознавајте луѓе, комуницирајте. Направете листа од потенцијални купувачи и разменувајте визит карти и контакт информации постојано.
Слушајте ги луѓето. Видете што имаат да кажат, а потоа направете проценка како да пристапите.
Не претерувајте со понудата. Добриот продавач не смее да ги иритира купувачите. Претераната настојчивост не вродува со успешна продажба. Бидете упорни, но не ја преминувајте линијата.